Кога нејзиниот маж влегол во просторијата, тој останал без зборови – таа изгледала сосема поинакво.
Нема ништо погрешно во тоа да сакате да го промените својот физички изглед. Доколку сакате да направите естетска корекција, направете ја. Доколку сакате целосна промена на вашата фризура, направете ја.
Синди (59) од Охајо одлучила дека сака целосна трансформација за својот 60-ти роденден, и токму тоа и го направила.
Откако го пронашла стилистот Кристофер Хопкинс, таа одлучила дека сака нов изглед. Нејзиниот маж рекол дека на сака да влијае на тоа и дека таа треба да прави сè што ќе посака.
Тој започнал со средување на нејзините веѓи, а потоа следела и промена на фризурата. Не сакала ништо посебно, бидејќи како што велела Синди, таа е конзервативна личност. По долго размислување за нејзиниот изглед, тој ѝ ја скратил косата, а нејзината реакција била врисок кога тој ѝ ја покажал отсечената коса.
Откако завршиле со фризурата, на ред следела шминката. Жената која ја шминкала Синди ѝ објаснувала што прави и ѝ давала совети како сама да се шминка.
Конечно дошол моментот кога мажот на Синди влегол во просторијата, а неговата реакција била возбуда и голема насмевка.
Во следното видео можете да ја забележите Синди со кратка коса, средени веѓи и шминка. Погледнете: