27-годишната актерка и Оскаровка изгледа подобро од некогаш.
Станува збор за холивудската миленичка Џенифер Лоренс, која во последните неколку месеци се повлече од јавноста поради разделбата со 20 години постариот режисер Дарен Аронофски, но и поради бројните професионални обврски.
Но во последните неколку дена, таа го привлекува целото внимание каде и да се појави, а по елегантниот црн фустан на доделувањето на наградите BAFTA во Лондон, згодната русокоса облекла секси фустан со длабоко деколте.
Поводот за тоа била лондонската премиера на нејзиниот нов филм “Red Sparrow” на која сите погледи биле вперени токму кон Лоренс и отворениот фустан во кој не сме навикнати да ја гледаме, но и покрај тоа, златно-светкавиот модел совршено ѝ прилегал.
Освен тоа, актерката конечно се одлучила за поинаква фризура освен рамната која најчесто ја носи, а раскошните локни биле полн погодок.
Нешто подоцна истата вечер, Џенифер се појавила на забавата по премиерата во уште една впечатлива комбинација. Овојпат, таа носела црвен фустан и беж капут, а едвај чекаме да го видиме нејзиното издание на овогодинешното доделување на Оскарите.