Ни Џиџи ниту Каја не успеале да ја засенат убавата Русинка со нереален изглед

Точка

12/02/2018

09:48

5.847

Големина на фонт

а а а

Њујорк во последните неколку денови е средиште на најважните модните случувања.

Пред неколку дена започна престижната модна недела, а бројните славни убавици, блогерки и трендсетерки го окупираа градот. 

Во петокот, една од најпосетените ревии беше онаа на луксузната италијанска модна куќа “Bottega Veneta” која ја носеле три познати манекенки.


Станува збор за 22-годишната Џиџи Хадид, 16-годишната Каја Гербер, ќерка на некогашниот топ модел Синди Крафорд и руската убавица Ирина Шајк која го украла целото внимание, иако е многу постара од Хадид и Гербер.


Заносната Шајк ја вратила својата одлична фигура веднаш по породувањето, а таа на ревијата го привлекла целото внимание во долг, жолт фустан и минимална шминка, иако изгледа одлично и без истата.


За разлика од Џиџи и наследничката на мама Синди која својата кариера ја изградила со помош на познатото фамилијарно презиме, Ирина со години се борела за влез и успех во модниот свет, но кога дошла на тронот, таа покажала дека не планира да се симне за брзо време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk