Таа е првиот плус-сајз модел во модниот свет кој ги отвори вратите за сите останати.
Секако, станува збор за познатата Ешли Греам која предизвика револуција во “бруталниот” моден свет на слаби манекенки.
И додека некои негодуваат поради појавата на плус-сајз модели, други ги фалат и ги ангажираат за своите кампањи. Минатата вечер во Њујорк, Ешли била гостинка на една забава на познат бренд за убавина.
За таа прилика, таа носела виолетово-црн латекс фустан со голи рамена и прорез и со тоа покажала дека овој материјал нема да се заборави ниту во 2018 година.
Иако голем дел од дамите не би се осудиле да носат ваков модел, Ешли докажала дека сè што ви е потребно е само да бидете храбри и самоуверени.
Манекенката ја усогласила ваквата креација со виолетова шминка, а како и секогаш, нејзината коса изгледала прекрасно.