Борко го „поздрави“: Червар: Неговото време помина, надвор е од врвниот ракомет…

Дерби

18/01/2018

12:17

10.188

Големина на фонт

а а а

Македонија позитивно го заврши и третиот меч во групата Ц против Германија (25-25) и со тоа ја обезбеди првата позиција и понесе три бода во наредната фаза која ќе ја играме во Вараждин, а противници ќе ни бидат Шпанија, Чешка и Данска.

Еден од најзаслужните за ремито со Германците секако беше голманот Борко Ристовски кој во свој стил порача:

- Во секој натпревар ќе се бориме како против Норвешка. Ние не сме Данци, Швеѓани или Германци, ама полуди сме од сите нив заедно. Жал ми е што го напуштаме Загреб зошто тоа е мојот втор најдраг град во кој често доаѓам, но се надевам ќе се избориме за враќање на ова место, - истакна Борко кој даде свој коментар за шансите на Хрватска да освои медал без Домагој Дувњак.

- Хрватска има одличен тим, ама недостасува подобар тренер. Лино Червар не е за оваа Хрватска и неговото време мина пред 5-6 години. Тој е надвор од врвниот ракомет веќе десетина години. Кога би имале подобар тренер, сигурен сум ќе бевте фаворити за еден од медалите. Погледнете го ракометот кој го игра Хрватска, имате исклучителни играчи, еден од најдобрите на светот, а играте поинаков ракомет од модерниот. Тоа е некој ракомет што се играше пред 5-6 години, но оваа игра брзо се развива, - порача нашиот прв голман за „Вечерњи лист“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг