Научно докажано: Зошто раното празнично украсување на домот е добро за вас?

Точка

27/11/2017

16:18

8.261

Големина на фонт

а а а

Доколку припаѓате на групата луѓе кои започнуваат со новогодишното декорирање многу порано од вообичаеното, најновата вест посебно ќе ве развесели и увери дека за тоа имате навистина добра причина.

Сите оние кои уживаат во украсувањето на домот често наидуваат на отпор од членовите на семејството, но американските психолози и психијатри тврдат дека таквите личности се многу посреќни од останатите, пренесува “Independent”. 


“Штом од подрумот ја изнесете кутијата со новогодишни украси и почнете да ја украсувате елката, вие го будите “детето” во себе, а тоа може да биде само позитивна работа”, смета психотерапевтката Ејми Морин, авторка на бестселерот “13 Things Mentally Strong People Don't Do”.

“На поединците кои изгубиле блиски личности, празниците им служат како потсетник на среќните времиња поминати со нив. Раното украсување може да им помогне да се почувствуваат поврзани со тие драги личности”, објаснува таа.


Со Ејми Морин се сложува и американскиот психоаналитичар Стив Мекеоун, кој додава дека “во свет преполн со стрес и тегоби, новогодишното украсување ги поврзува луѓето со работи кои ги прават среќни, а истовремено ги враќаат во детството”.

“Божиќните украси се едноставно сеќавање на сите магични емоции кои сме ги доживеале како деца во моментот кога сме пронаоѓале подароци под елката. Со украсувањето на просторот, им се враќаме на тие магични моменти кои во нас предизвикуваат чувство на смиреност и среќа”, додава Стив.


Не само што вашето украсување на домот ќе ве направи среќни, туку истото и ќе ве поврзе со вашите соседи.

Една студија која била објавена во списанието “Journal of Environmental Psychology” покажала дека личностите кои ги украсуваат своите прагови и дворови се доживувани како достапни и дружељубиви луѓе, тврдат психолозите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk