Многу е болно за родителите со аустични деца кога се сведоци на социјална дискриминација, но таткото Шејн се надева дека неговото дете во иднина ќе биде помалку одбегнувано.
Невербалното дете со аутизам Рајли Стивенсон има шест години. Неговиот татко Шејн често се бори со предрасудите кои неговиот син секојдневно ги доживува, а кога се случило тој да не биде поканет на ниту една детска забава, таткото се одлучил да напише порака која се проширила на социјалните мрежи.
Шејн ја посветил пораката на неговите пријатели со цел да објасни колку е неверојатно болно да се биде општествено исклучен.
“Мојот син Рајли има аутизам, а не е*ена лепроза. Тој има шест години и моите таканаречени пријатели кои истотака имаат деца, припремаат забави. Ниту еден од нив не го покани, ниту е*ено еден”, напишал таткото во бесната порака и се запрашал: “Имате ли воопшто идеја колку е тоа болно?”.
Мајката на Рајли, Кристин, води блог наречен “The Life of Reilly” на кој пишува за борбите кои ги води нивниот син, а сака да им посочи на семејствата кои имаат деца со аутизам да сфатат дека не се апсолутно сами. Нивната главна цел е да престанат осудувањата и предрасудите за ваквото нарушување.
Кристин и Шејн сметаат дека можат да одбијат покана доколку сметаат дека Рајли нема да помине добро на забавата, но како и секогаш, намерата е најважна. Во овој случај, пријателите на Шејн не ни размислиле за можноста да го поканат малото момче на забавите. Во својата порака, таткото ги потсетил своите пријатели дека не би требало да го покануваат неговиот син само затоа што се чувствуваат лошо:
“Само да знаете, во иднина не ни пробувајте да се трудите. Тој не е додатна мисла, тој е секоја моја мисла”, напишал разочараниот татко.