Касано откри кон кој италијански гигант чувствува омраза и кој фудбалер најмногу го сака

Дерби

20/10/2017

12:22

1.348

Големина на фонт

а а а

Антонио Касано во овој момент се наоѓа на еден необичен крстопат со оглед на тоа што ни самиот не знае дали сака да биде фудбалски активен или да замине во пензија, а додека да донесе конечна одлука на оваа тема, искусниот италијански напаѓач е интересен за домашните медиуми и поради други теми.

Во екскузивното интервју за италијански „Канал 5“, Касано јасно потенцира дека клубот од неговото детство и на неговиот живот е Интер, а без влакна на јазикот додава дека Јувентус е клубот кој го мрази поради тоа што секогаш победува.

– Јувентус е клубот кој воопшто не го сакам, тоа е така поради тоа што тие секогаш победуваат. Го одбив Јувентус три пати, тие сакаат сè да биде подредено, а јас не сум таков. Јас сум горд на тоа што сум интериста, – потенцира контроверзниот Касано за кого убедливо најдобар играч на сите времиња е Меси.

– Меси е фудбалерот за кого чувствувам огромна љубов. Тој е дечко од друга планета и најдобар на сите времиња, подобар и од Марадона. За мене, Лионел е најдобар, – додава Касано кој во изминативе два месеци во два наврати се враќаше во Верона и потоа повторно го напушти клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг