Родителите кои го изгубиле своето 14-месечно бебе поради болест, истетовирале ангелски крилја на своите грбови и позирале заедно со новородената ќеркичка на прекрасната семејна фотографија.
Откако Глорија и Стив Кимел во 2015 година го загубиле својот 14-месечен син Исак поради спинална мускулна атрофија, му оддале почит на своето дете со тоа што истетовирале усогласени ангелски крилја на своите грбови.
Две години по трагичната смрт на детето, Глорија и Стив станале родители на малечката Клер и знаеле дека сакаат да направат нешто посебно и значајно за нејзината прва фотографија. Тие позирале, лежејќи на стомак и ја “вгнездиле” својата ќерка помеѓу нив за да изгледа како девојчето да има ангелски крилја. На тој начин, родителите ѝ посакале добредојде, вклучувајќи го и Исак во нивната фамилијарна фотографија.
My sister & her husband got tattoos of angel wings after their son died 2 yrs ago. They had a baby girl in June. This moves me to tears. pic.twitter.com/2sVwxkfuBG
— Grass (@Grace_Arend_13) August 9, 2017
“Бидејќи Исак не е физички со нас, помислив дека би било прекрасно да имаме спомен на начин што и тој ќе биде дел од нашата фамилијарна фотографија, која воедно е и добредојде за Клер на овој свет”, објаснува мајката.
“Тој беше нашата половина. Поради тоа, јас истетовирав десно крило, а мојот сопруг лево крило. Тој беше ангел кој нè држеше заедно кога бевме толку изгубени без него, а тетоважите се потсетник за тоа дека тој е сè уште со нас со неговиот дух”.