Најинтересен момент од претставувањето: Дембеле покажа една необична умешност при потпишувањето на договорот со Барса

Дерби

29/08/2017

09:57

3.650

Големина на фонт

а а а

Осман Дембеле не ја мина баш најдобро презентација долу на теренот на „Камп Ноу“ бидејќи го совлада тремата при жонглирањето и изведе два смешни потези, но затоа францускиот репрезентативец ги фасцинираше шпанските медиуми со една умешност која навистина е необична за секое човечко битие.

Дембеле пред да потпише договор со Борусија Дортмунд стана хит во јавноста поради една изјава во која не знаеше да посочи дали е левак или деснак (поради тоа што игра идентично добро со двете нозе), а на претставувањето во Барселона и за време на потпишувањето на договорот ни долови дека исто важи и за рацете.

Дембеле почна да ги потпишува документите со левата рака, а кога пенкалото му се најде во десната, немаше никакви проблеми да ја доврши работата со таа рака…




Спонзорирани линкови

Маркетинг