Три важни бонтон правила кои честопати ги кршиме

Точка

19/06/2017

12:10

3.189

Големина на фонт

а а а

Одвреме-навреме секој од нас прекршува по некое правило на убавото однесување, што е сосема нормално. Но, овие три правила на бонтонот ги кршиме почесто отколку што би требало.

Во продолжение, Ви ги претставуваме трите важни правила на бонтонот кои се најчесто прекршувани. 

Непристојност

Пристојноста спрема другите во секоја ситуација е најважното правило во бонтонот кое треба да го следите. Пристојноста се врзува со сите личности кои ги сретнувате.

Затоа, бидете пристојни спрема сите, од соседот, шефот и колегите па сè до касиерките во супермаркетите или келнерите. Непристојноста или безобразноста ја покажуваат лошата страна на Вашиот карактер.

Доцнење

Ова е правило кое често се прекршува. Доколку сте една од оние личности која вечно доцни, тоа само го покажува Вашето непочитување спрема другите луѓе и нивното време.


Секогаш појавувајте се во точно договореното време. Повременото доцнење може да биде оправдано доколку ја известите личноста со која сте договорени и ги објасните причините за Вашето доцнење.

Користење на мобилен телефон во друштво

Своето внимание секогаш подарувајте го на оние личности со кои физички сте во друштво. Доколку примите порака или повик на оние кои итно им требате, пристојно извинете се, а потоа потрудете се Вашиот електронски контакт да биде што е можно пократок.

Исто така, не се допишувајте со некој додека сте во друштво бидејќи тоа се смета за непристојно однесување.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk