Авокадо: Кремасто овошје со највисоко ниво на калиум

Точка

19/06/2017

10:46

3.544

Големина на фонт

а а а

Авокадото е едно од најинтересните видови на овошје – во однос на останатото овошје кое се состои од јаглехидрати, авокадото содржи висок процент на здрави масти.

Кога зборуваме за авокадото, всушност мислиме на плодот на билката Persea Americana. Ова необично овошје со неутрален вкус и кремаста текстура е честа состојка во разни јадења, меѓу кои како најпознато се издвојува сосот гвакамоле. 

Авокадото е богато со здрави, мононезаситени масни киселини, влакна и различни витамини и минерали од кои најзастапени се витаминот К, фолатите, витаминот Ц, витамините Б5 и Б6 како и витаминот Е. Бројните студии го покажуваат моќното влијание на авокадото врз општото здравје, а ние во продолжение Ви ги претставуваме неговите здравствените придобивки кои се потврдени од страна на науката.

Авокадото содржи повеќе калиум од бананите

Калиумот е минерал кој честопати не се внесува доволно преку исхраната. Авокадото содржи висок процент на калиум, кој игра важна улога во одржување на нормалното ниво на крвниот притисок.


Авокадото изобилува со здрави масти

Авокадото и маслото од авокадо се богати со мононезаситена олеинска киселина која се наоѓа и во маслиновото масло, а која има позитивен ефект врз здравјето на срцето.

Авокадото е преполно со влакна

Дури 7% од вкупната маса на авокадото во просек е составена од влакна, што во споредба со други намирници, е прилично висок удел. Познато е дека растителните влакна играат важна улога во одржување на метаболичкото здравје и помагаат во губењето на вишокот килограми.

Авокадото влијае врз нивото на холестерол и триглицериди во крвта

Бројните истражувања покажуваат дека консумацијата на авокадо може да влијае врз намалување на нивото на триглицериди (за 20%), ЛДЛ холестерол (за 22%), и зголемување на нивото на добриот, ХДЛ холестерол (за 11%).


Авокадото ги штити очите

Авокадото е богато со антиоксиданси како што се лутеинот и зеаксантинот, кои го намалуваат ризикот од појава на макуларна дегенерација и имаат важна улога во одржување на здравјето на очите.

Авокадото може да го намали ризикот од развој на карцином

Одредени студии покажуваат дека нутритиентите од авокадото помагаат во превенција на карцином на простатата и можат да ги намалат нуспојавите од хемотерапијата.

Екстрактот од авокадо може да ги олесни симптомите на артритис

Истражувањата покажуваат дека екстрактот од авокадо и соја значајно ги намалуваат симптомите на остеоартритисот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk