Најголемите митови и заблуди за фитнесот

Точка

16/06/2017

17:40

3.631

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за вежбањето без разлика на целта, луѓето порано или подоцна се “заглавуваат” во некој вид на рутина, поради која напредокот стагнира.

Најголемите виновници за ваквата стагнација се токму советите кои сте ги земале здраво за готово, велат експертите. За жал, многу совети и верувања кои кружат помеѓу вежбачите немаат никаква врска со вистината и вистинските факти.  

Во продолжение, прочитајте ги најголемите митови и заблуди околу фитнесот во кои не треба да верувате.

Најдобриот период од денот за вежбање е утрото

Ова не е точно бидејќи најдобриот период е времето во кое сте спремни да пружите доволно концентрација во рекреацијата. Доколку сте ноќен тип, одете навечер во теретана, доколку Ви одговара да станувате рано, вежбајте тогаш. Сепак, експертите препорачуваат вежбање веднаш по будењето, бидејќи така се забрзува топењето на вишокот килограми.


Вежбите со тегови го претвораат салото во мускули

Физиолошки гледано, ова се два типа на ткиво кои не можат да се претворат едни во други. Вежбите со тежини помагаат во градење на мускулното ткиво, а најдобриот начин да се ослободите од масните наслаги е да внесувате многу свеж, варен и печен зеленчук, здрави масти како маслиново масло и риба и помалку масни протеини.

За добра форма доволно е да вежбате еднаш или два пати неделно

За жал, неопходниот минимум за ефикасен програм на вежбање се три тренинзи неделно, објаснува Шон Арент од универзитетот Рутгерс.

Вежбањето е најдобриот начин за намалување на килограмите

Ова е длабоко вкоренет мит против кој со години се борат тренерите и нутриционистите. Најголемиот дел од слабеењето доаѓа од кујната, а вежбањето само допринесува кон промени во изгледот на телото и физичката спремност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk