Три мејкап изгледи од кои тешко се одрекуваме

Точка

19/05/2017

16:08

1.970

Големина на фонт

а а а

Мејкап трендовите постојано се менуваат, но има и такви кои се сметаат за безвременски.

Во продолжение, Ви претставуваме три мејкап изгледи од кои, веруваме никогаш нема да се откажеме. 

Smoky eyes

Магијата на “задимениот поглед” е неминлива. Оваа техника на шминкање не само што не се симнува од модниот престол, туку и успешно се прилагодува на сите трендови и сезони. Smoky eyes техниката на прв поглед делува комплицирано, но со малку трпение и вежбање, можете да го постигнете овој изглед од милион долари. Класичниот “задимен изглед” се постигнува со помош на црни и сиви сенки за очи, но секогаш можете да ја разбиете монотонијата и да ги испробате кафеавите нијанси. Вака нашминканите очи добиваат посебен сјај, а погледот е повеќе од привлечен.

Кармин во nude нијанса

Nude или “голите” нијанси на кармини се апсолутен хит во последните неколку месеци. Овие бои се одлични за комбинација со скоро секој изглед и тие можат да се носат во сите прилики, без разлика дали станува збор за прошетка со пријателките, деловен ручек или романтичен состанок. Изберете нијанса која најмногу ќе одговара на Вашиот тен и добијте го изгледот на славните дами од насловните страници.

Ајлајнер и црвен кармин

Едно е сигурно – ајлајнерот и црвениот кармин се нераскинливо поврзани. Оваа комбинација е најчесто носена од страна на храбри девојки кои зрачат со самодоверба и кои не се плашат да го покажат својот сексапил. Сепак, бидете внимателни – овој изглед е наменет за вечерните излегувања, додека за дневните варијанти може да изгледа нападно и помалку ексцентрично. Црвениот кармин одлично прилега на девојките со руса или костенлива коса, а ако сте Вие една од нив – ова е Вашата добитна карта.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk