Во оваа книжарница можете да пиете кафе и да галите мачиња, но можете и да ги вдомите

“Otis & Clementine’s Books and Coffee” е канадска книжарница која вовела иновативен пристап кон вдомувањето на мачиња. Кога ќе дојдете во книжарницата да купите добра книга или да се напиете шолја чај, тука ќе ве дочекаат разиграни и мили мачиња. Најдобро од сè е што можете да вдомите било кое од мачињата и да им пружите дом каков што заслужуваат.