Škoda Octavia – чешкиот бестселер доби четврта генерација

На специјален настан во Прага, чешката компанија официјално го претстави новото продолжение на својот најпродаван модел Octavia. Четвртата генерација на Škoda Octavia е препознатлива од секој агол, заснована на дизајнерскиот јазик од претходната генерација, но многу подинамична и поелегантна.