Од секој агол: Volvo го претстави првиот електричен автомобил – XC40 Recharge

Volvo конечно ја претстави целосно електричната верзија на својот мал SUV модел – XC40 Recharge. Како дел од процесот на електрификација на брендот, новиот XC40 претставува прв модел од серијата на петте нови електрични возила кои Volvo има намера да ги лансира во следните пет години. Шведскиот производител на автомобили сака електричните возила да учествуваат со 50 отсто од нивната глобална продажба до 2025 година, а останатите 50 да се хибридни автомобили.