Галерија: Одбележани 25 години од геноцидот во Руанда

Во Руанда се одбележаа 25 години од геноцидот кој се случил во 1994-та година, во текот на кој настрадале повеќе од 800.000 луѓе. Геноцидот во Руанда претставува најсурово злосторство во текот на граѓанската војна во таа земја. Злосторствата воглавно ги вршеле две екстремистички организации на племето Хуту - Интерaхавме и Импузамугамби. Според некои проценки, бројот на жртви бил поголем од регистрираниот, односно повеќе од милион луѓе.