Русин ги трансформира насловните на познатите музички албуми на хумористичен начин

"Се викам Игор и живеам во студената Русија. Во слободно време (кога не растурам калашникови и тренирам мечки), слушам музика, а додека ги набљудувам насловните на албумите често во нив пронаоѓам место и за себе". Со овие зборови, Игор Липчански се претставил пред јавноста, а кога ќе ги погледнете неговите дела, ќе сфатите дека станува збор за едно многу креативно момче.