Овој бел храм во Тајланд е олицетворение на рајот и пеколот

Ват Рон Кун или попознат како белиот храм во Тајланд е изграден со многу едноставна идеја. Неговиот креатор Чалермчаи Коситпипат сакал да го создаде најубавиот храм на светот, а без сомнение и успеал во тоа. Кога стоите пред храмот, соочени сте со грст очајни раце кои според будизмот го претставуваат пеколот – бескрајната бездна од човечки желби. Штом ќе го поминете мостот над "пеколот", ќе ве пречекаат статуи на чуварите на рајот, а оттука веќе нема враќање - буквално.