Audi Q8 е новиот член на “Q”-семејството

Новиот модел на Audi, наречен Audi Q8 ја комбинира елеганцијата од луксузното купе со 4 врати со пространоста на големиот SUV. Богато опремен, сеопфатно поврзан и доволно издржлив за “off-road” патеките, Audi Q8 е одличен сопатник и формално и опуштено. Овој модел ќе биде претставен во третиот квартал на 2018 година.