Фотографии од настанот во Тајланд кој го потресе светот: Спасувачите ги чека долга и тешка мисија

Во изминатите 10 дена, илјадници спасувачи беа во потрага по група од 12 деца на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен фудбалски тренер кои останале заробени во пештера откако обилните дождови ги поплавиле клучните премини. На 2-ри јули, спасувачките тимови ги пронајдоа момчињата и нивниот тренер живи и во релативно добра здравствена состојба, но пред нив претстои долга и тешка спасувачка мисија.