На границата со фотографот Џон Мур

Фотографот Џон Мур добил многу признанија за фотоновинарство низ неговата кариера, пред се поради неговите вештини, емпатија, професионализам и одличното око за убавина и бои. Мур поминал години работејќи на американско-мексиканската граница, каде покривал многу теми кои ги опфаќаат имиграционите кризи како сиромаштија, насилство и безнадежност, како и опасностите од патувањата на имигрантите.