Најстрашно слетување во нивните животи: Се откачил капакот од моторот на сред лет

Авионот на "United Airlines" на летот од Калифорнија за Хаваи имал големи проблеми при летот. Најпрво патниците слушнале силен тресок, а потоа екипажот ги предупредил дека имаат проблеми со моторот, односно дека се откачил неговиот капак. По најстрашното слетување во нивните животи, патниците го наградиле пилотот со громогласен аплауз.