Лекарите се борат за неговиот живот - Франко по бруталниот нокаут паднал во кома

Бокс мечот помеѓу Даниел Франко и Хозе Харо за малку ќе завршел трагично. Имено, по ударот на Харо, Франко претрпел страшен нокаут. Лекарите морале да го стават во индуцирана кома за да му го спасат животот. Тој бил успешно опериран, но и натаму е во критична состојба.