Видео прикажува морничав момент од пајак кој излегува од увото на жена

Доколку се плашите од пајаци, подобро не го пуштајте видеото. Жената од Индија, позната како Лекшми си заспала на својата веранда и се разбудила со главоболка, чувство на трнење во десното уво и непријатност. Таа ја прашала ќерка ѝ да провери дали има нешто заглавено во нејзиното уво. Болката набрзо станала неиздржлива па сопругот на Лекшими ја однел во болница. Лекарите го виделе пајачето кое се вгнездило во увото на Лекшими. Како што ќе видите во видеото, лекарите со светлина го намамуваат пајачето надвор.