Трудницата која не била на ниту еден преглед за време на целата бременост, ги шокирала сите во болницата кога се појавила за породување

Во март оваа година, жена се појавила во болница во Барнаул, Западен Сибир, во 41 недела од бременоста. а дотогаш не посетила ниту еден доктор поради недоверба во целата медицинска индустрија. Жената имала вонматерична бременост која е навистина опасна по животот на трудниците и плодот. Жената веднаш била однесена на операција. Кога хирургот го извадил бебето се случило чудо, тоа било живо и немало никакви последици, а било тешко 4 килограми. Гордата мајка ја нарекла својата ќеркичка Вероника, што значи победа, а нејзината приказна станала навистина популарна во Русија. По оваа приказна жената рекла дека ако некогаш повторно забремени, редовно ќе оди на прегледи.