Емери со изненадување против Реал: Капитенот останува на клупата...

Точка

14/02/2018

18:00

1.085

Големина на фонт

а а а

Француски Л'Екип во пресрет на вечерашниот дуел во осмина-финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ, го откри потегот на Емери и ги шокираше навивачите на парискиот клуб.

Според споменатиот медиум, тренерот Унаи Емери наводно одлучил капитенот Тијаго Силва да го остави на клупата за резервни фудбалери, а на негово место во стартниот тим да истрча младиот дефанзивец Преснел Кимпембе.

Засега не е познато зошто Унаи Емери ќе го изостави искусниот Бразилец на стоперската позиција и на негово место ќе го внесе неискусниот Кимпембе, но сепак останува да почекаме и да видиме колку има вистина во ваквите тврдења на францускиот спортски магазин.

Со оглед на тоа што Тијаго Силва ќе остане на клупата, а на „Сантијаго Бернабеу“ нема да истрча ниту повредениот Тијаго Мота, се очекува капитенската лента на парискиот тим да ја превземе Маркињос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг