„Нека му кажат на Буфон дека е време за пензија“

Точка

14/02/2018

17:05

1.651

Големина на фонт

а а а

Синоќа Јувентус ремизираше со Тотенхем со 2:2 пред своите навивачи во Торино на првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Многумина сметаат дека Буфон направил грешка, откако дозволи Ериксен да шутира од слободен удар на неговата страна и притоа прими гол. Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и репрезентативец на Германија, Марио Баслер тврди дека од Јувентус треба на Буфон да му кажат дека е време за пензија.

„Џиџи беше неверојатен голман. Сепак, многумина не одат на време во пензија, па така ниту тој. Јас на пример престанав да играм на 33 години и сметам дека клубот и тренерот Алегри треба да му соопштат дека е време за пензија“, изјави Баслер и додаде:

„Тој веројатно има голема желба да ја освои Лигата на шампионите, но тој повеќе не е врвен голман и Јувентус никогаш нема да ја освои таа титула додека тој е на голот“, изјави Баслер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг