Верстапен: Ќе доминиравме со мотор на Мерцедес

КРУГ.МК

14/02/2018

19:00

516

Големина на фонт

а а а

Макс Верстапен е сигурен дека Ред Бул би биле незапирлива Формула 1 сила доколку би имале Мерцедес мотори. И покрај тоа што освоија 4 титули користејќи мотори на Рено, во В6 турбо хибридната ера екипата од Милтон Кинс нема ни приближно таков успех.

И покрај моторот кој често пројавуваше проблеми, Макс успеа да комплетира две победи лани (Малезија и Мексико). додека неговиот колега Даниел Рикардо победи во Баку.

„Мислам дека ако имавме мотор на Мерцедес одзади никој немаше да може да ни се спротистави. Нашиот сегашен мотор едноставно не е доволно стабилен споредено со Мерцедес и Ферари“, појасни младиот Холанѓанец.

Макс е свесен дека нема брзо поправање на проблемите кои ги имаше Рено лани.

„Проблемот се неколку работи, во спротивно се ќе беше решено одамна.

Сепак, сите проблеми не се врзани само со моторот. Мислевме да одиме со ниска драг конфигурација од почетокот на ланската сезона, но тоа не се покажа добро. Веројатно бевме преголеми оптимисти. Сепак, покажавме дека многу брзо можеме да ги промениме работите. Се разбира дека дотогаш веќе ја загубивме сезоната, но вербата за вистинската насока во иднина остана“, заврши Верстапен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг