Несреќа на лондонскиот аеродром Хитроу: Загинало едно лице, одложени најмалку 25 летови

Точка

14/02/2018

18:02

2.086

Големина на фонт

а а а

Едно лице умрело во инцидентот кој се случил денес на лондонскиот аеродром Хитроу, кога на пистата се судриле две возила.

Лондонската полиција потврдила дека во болница загинал 40-годишен работник од аеродромот, кој бил префрлен во болница по судир на две возила во близина на терминалот 5, пишува The Sun

Амбулантната служба соопштила дка тој маж имал срцев застој по судирот и дека лекарите не успеале да му го спасат животот.

Другиот аеродромски работник бил префрлен во болница со повреда на рамото.

Портпаролот на Скотланд Јард рекол дека таа служба добила повик од аеродромот во околу 6 часот наутро, во кој било наведено дека дошло до судир на две возила на аеродромската писта.

Поради инцидентот биле одложени најмалку 25 летови.

Од "Хитроу" соопштиле дека се случил сериозен инцидент со две возила на самата писта.

Многу патници рекле дека повеќе од еден час биле заробени во авионите кои требало да полетаат, а многу излези биле затворени.

Еден од сведоците рекол дека излезот бил окружен со голем број возила на амбулантната служба, како и дека биле присутни и две пожарни возила.




Спонзорирани линкови

Маркетинг