Се огласил адвокатот на Трамп: На порно актерката сам ѝ платив 130.000 долари од свој џеб

Точка

14/02/2018

18:29

3.903

Големина на фонт

а а а

Личниот адвокат на претседателот на САД, Доналд Трамп, Мајкл Коен, изјавил дека платил 130.000 долари од свој џеб за порно актерката, која наводно имала афера со Трамп во 2006. година.

Коен навел во пишана изјава за весникот "New York Times", дека ни организацијата "Трамп", ниту луѓето задолжени за претседателската кампања, немале врска со исплатата на парите кои и ги дал на Стефани Клифор, позната во порно-индустријата како Сторми Даниелс. 

Тој рекол дека исплатата била законска, но одбил да наведе детали.

"Ни организацијата "Трамп", ни кампањата на Трамп не се учесници во трансакцијата со госпоѓица Клифорд, ниту ми го надоместија износот кој го платив, ни директно ни индиректно", навел Коен.

Американските медиуми претходно пренеле дека исплатата била извршена ден пред претседателските избори во САД во ноември 2016. година, за наводите за сексуалниот однос со Трамп да не дојдат до јавноста.

Стефани Клифор изјавила дека имала сексуални односи со Трамп во јули 2006. година, по еден турнир во голф кај езерото Тахо, во туристичкиот регион меѓу Калифорнија и Невада. Трамп тогаш бил во брак со сегашната сопруга Меланија.

Белата куќа потоа ја демантирала таа информација, наведувајќи дека тоа се "стари и рециклирани информации, кои се објавени и демантирани пред изборите".




Спонзорирани линкови

Маркетинг