Славната Оскаровка повторно го донесе гламурот на црвениот тепих со нејзината креација

Точка

14/02/2018

16:40

1.193

Големина на фонт

а а а

35-годишната актерка и Оскаровка Натали Портман вчеравечер заблескала на премиерата на својот нов филм “Annihilation” во Лос Анџелес, а јавноста и модните критичари останале воодушевени од изборот на раскошниот фустан.

Станува збор за долг црн фустан од кадифе кој бил украсен со тил на ракавите, а креацијата ја потпишува познатиот Валентино. 


Истакнатите ракави од романтичниот материјал и кадифената панделка на струкот го прават овој фустан еден од најпосебните кои ги гледавме во последно време на црвениот тепих, а елегантната Натали одлично го носела истиот.


Славната актерка најчесто се појавува во јавноста само на премиери и на доделување на награди, а секоја нејзина појава предизвикува голем интерес.


На истата премиера заблескала и актерката Џина Родригез во омбре фустан кој исто така имал интересен изглед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk