Mercedes-Benz G63 AMG: Бомбастична „тврдина“ со дури 585 КС!

Точка

14/02/2018

18:10

1.056

Големина на фонт

а а а

Конечно од Штутгарт пристигнаа првите фотографии на фуриозната изведба на AMG моделот кој што во својата „изворна форма“ владее меѓу SUV возилата веќе 40 години.

Импресивниот G63 AMG ќе ги израдува потенцијалните купувачи со 4,0-литарскиот Twin-Turbo V8 мотор кој што развива сила од неверојатни 585 коњски сили, односно 14 коњски сили повеќе од својот претходник.

За преносот ќе биде задолжен 9-степенски автоматски менувач, а покрај можноста за „освојување“ на планинските врвови, G63 AMG практично нуди тркачки перформанси - од 0 до 100 километри на час забрзува за 4,4 секунди, а максималната брзина изнесува 240 километри на час.


Од Мерцедес открија дека новиот G63 AMG има помала тежина од својот претходник, но за точните податоци ќе мора да почекаме кога Германците ќе ги откријат на Саемот за автомобили во Женева.


Новата генерација многумина ќе ја препознаат пред се поради предниот дел со новите ЛЕД светла, новата "Panamericana" маска и понагласените браници.

Како и надворешноста, така и погледот во внтрешноста не остава без зборови. По примерот на "E-Class" и "S-Class", и новиот "G-Class" влегува во дигиталниот свет, а пред се, тука мислиме на двата 12,3-инчни екрани.


Засега не е познато по која цена ќе се продава новиот G63 AMG на Мерцедес, но се претпоставува дека цената ќе се движи од 280 до 350 илјади евра.





Спонзорирани линкови

Маркетинг