Ѕвездите ја откриваат вистината: Што секој хороскопски знак всушност мисли за Валентајн?

Точка

14/02/2018

15:24

1.719

Големина на фонт

а а а

Валентајн е еден од оние празници кои луѓето или го сакаат или воопшто не го обожуваат како останатите. Но со оглед на тоа дека е многу популарно да се биде рамнодушен на Денот на вљубените, некои луѓе никогаш не ги признаваат своите вистински чувства и мислења.

За среќа, хороскопот е тука да нѝ открие што всушност секој хороскопски знак мисли за овој романтичен празник. 

Овен

Личностите родени во овој знак се секогаш спремни за акција, а не е исклучок ниту Валентајн. Затоа тие повеќе сакаат некоја авантура со партнерот отколку традиционален подарок.


Бик

Биковите се сметаат за посебно драги личности полни со љубов, а на нив секогаш можете да сметате за Валентајн. Нивната идеална прослава на овој празник не вклучува големи гестови бидејќи многу повеќе се радуваат на малите ситници кои имаат значење.

Близнаци

Со Близнаците никогаш не знаете што можете да очекувате, а тоа е случај и со Валентајн. Можеби ќе го слават, а можеби и ќе го прескокнат, во зависност од тоа како се расположени тој ден бидејќи секогаш се водат според своите чувства.

Рак

Раковите сакаат “цел пакет” – балони, срциња, романтична вечера, рози ... лицата родени во овој знак се романтични души и Валентајн многу им значи.


Лав

Лавовите се големи романтичари и се обично многу горди на своите врски, а Денот на вљубените е одлична прилика тоа и да го покажат. Од нив можете да очекувате Валентајн кој засекогаш ќе го паметите.

Девица

Девицата е практична и едноставна, а Валентајн нема големо значење за неа. Личностите не ја гледаат смислата во трошење на пари за цвеќе и романтична вечера само затоа што е Валентајн. Девиците би ги потрошиле тие пари на нешто попаметно.

Вага

Иако не сакаат да признаат, Вагите потајно се надеваат на некое романтично изненадување за Валентајн. Лицата родени во овој хороскопски знак секогаш се водат според срцето и љубовта секогаш им е ставена на прво место.


Шкорпија

Страствените Шкорпии би го поминале Денот на вљубените како и секој друг ден – во кревет со својот сакан, испробувајќи разни и интересни пози...

Стрелец

Стрелците најмногу сакаат да го поминуваат времето со своите сакани, без разлика дали станува збор за пријателите, семејството или партнерот. На Валентајн не му придаваат некоја голема важност, но сакаат овој ден да го поминат во добро друштво.

Јарец

Јарците го доживуваат Валентајн како консумеристички празник и затоа не сакаат да го слават. Секако, тие нема да одбијат дружба или романтична вечера, но не се заинтересирани за балони, цвеќиња и други подароци.


Водолија

Водолиите сакаат кога некој ќе ги израдува со романтичен гест, но не сакаат кога нешто однапред се планира и организира, а тоа важи и за Валентајн.

Риби

Рибите едноставно го сакаат овој празник бидејќи по природа се чувствителни и топли личности. Сакаат да добиваат подароци, но уште помило им е кога тие подаруваат, а Денот на вљубените го планираат многу подолго отколку што сакаат да признаат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk