Меган Маркл повторно во центарот на вниманието: Уште едно одлично модно издание на идната принцеза

Точка

14/02/2018

14:59

2.316

Големина на фонт

а а а

Стотици поддржувачи на кралското семејство се собрале пред замокот Единбург да ги поздрават идните младоженци и покрај студеното време. Како и секогаш, елеганцијата на Меган Маркл им остави голем впечаток на присутните.


Принцот Хари и неговата вереничка Меган ја започнаа официјалната посета во Шкотска. Каде и да се појави, убавата американка секогаш остава прекрасен впечаток со модните комбинации, а во Шкотска припадничките на понежниот пол едвај чекале да го погледнат модниот избор на идната сопруга на принцот. 


Сакајќи да ја испочитува шкотската традиција, Меган носеше долг Барбери капут со кариран дезен, што е караткеристично за овој дел на кралството. Под капутот се гледале црните траперки, кои ги искомбинирала со високи потпетици. Од аксесоари на себе имала мала зелена чанта од шкотскиот бренд Стратбери, која се покажа за омилен детал на идната принцеза.


Меган со насмевка на лицето ги поздравила присутните, а со некои и се ракуваше. Од некои добила цвеќе, а во насобраниот народ се вееле британските знамиња. Меѓутоа, една средба се издвои најмногу од сите останати, а станува збор за понито Круахан, маскотата на шкотското Кралство.


Интересно е што и понито било "облечено" во речиси идентичен аутфит како и Меган.




Спонзорирани линкови

Маркетинг