Инстаграм приказна на Драган Тапшанов: Не бројам знамиња и држави, туку култури и народи кои ги документирам

Точка

14/02/2018

16:00

1.523

Големина на фонт

а а а

Драган Тапшанов е нашиот инста-јунак со кој Ве запознаваме денес. Тој го прошета цел свет преку призмата на фото-објективот. За себе ќе каже дека е дечко со ранец, капа и камера, кој прави документарни фотографии и видеа насекаде низ светот.

Не брои знамиња и држави, туку култури и народи кои ги документирал. Остарен од временските услови на Хималаите, подмладен од азиските масажи, фан на Стив Бери, љубител на географија и историја, дудук по математика. Фотограф кој не ги знае бројките на објективите. Фотографиите на Драган зборуваат без употреба на ниедна буква.

Приказната на Драган низ пет фотографии:

Неколку дена претходно открив дека малиот Пемба и неговото семејство кои живееа во колиба, близу езерото Gosaikunda, се жртви на големиот земјотрес кој го погоди Непал. Ми беше потребно некое време за да го фатам во добар кадар ова мало момче. Тој работи на нива од својата четири-годишна возраст, заедно со својот татко. Ја одбрав оваа фотографија бидејки таа сама по себе ја раскажува приказната на ова момче.


Локалните риболовци од Trincomalee, собрани околу дрвен чамец, дискутираат за пукнатината на дното на чамецот и посочуваат дека таа е главната причина поради која водата влегува внатре.

Церемонијата Alms, во Luang Prabang - Laos, е долгогодишна традиција на Будистите во Laos. Секое утро околу 05:30 часот, калугерите излегуваат на улица со празни чинии, а луѓето од Laos им приложуваат ориз, кој го подготвуваат во раните мугри. Церемонијата се одвива во целосна тишина.


Уживање со шолја чај. Прекрасен поглед на Yazd, кој се наоѓа во Иран и е вториот најстар град во светот.


На оваа фотографија е еден таксист кој го запознав во Тајланд. Го прашав дали може да го фотографирам, а тој со неверување ме праша -„Мене? Навистина?“ Беше навистина поласкан и веднаш започна да позира.




Спонзорирани линкови

Маркетинг