Важно откритие за предизвикувањето на енцефалитис или воспалувањето на мозокот

Точка

14/02/2018

21:13

2.071

Големина на фонт

а а а

Истражувачите од клиниката Мејо во Минесота, наведуваат дека кога телото ќе го нападне мозокот, имуниот систем предизвикува енцефалитис. Што е енцефалитис? Тоа претствува воспалување на мозокот, а најчеста причина за оваа болест е вирусна инфекција. Симптомите можат да бидат слични на грип, висока температура, конфузија, силна главоболка, губење на меморијата. Болеста брзо напредува, а може да биде многу опаснa по живот.

Досега се сметало дека вирусите се изворот за енцефалитис, но ова истражување покажа дека тие се подеднакво достапни и во автоимуниот енцефалитис. 

"Резултатите на нашето истражување сугерираат дека докторите кои лекуваат пациенти од енцефалитис треба да побараат примерок и во автоимуните болести", вели Еџон Фланган, кој е специјалист по автоимуна неурологија на клиниката Мејо.


За да ги идентификуваат случаите на енцефалитис, истражувачите користеле податоци за пациентите од медицинските бази во болницата во Минесота. Истражувачите пронашле дека 14 луѓе од околу 100.000 имале автоимун енцефалитис во споредба со 12 према 100.000 кои имале вирусен.

"Претходно не го знаевме процентот на заболување од автоимун енцефалитис, бидејќи ниту едно претходно истражување не го проценило тоа. Сега знаеме дека околу милион луѓе ширум светот имале автоимун енцефалитис во текот на својот живот. Проценуваме дека 90.000 луѓе развиваат автоимуно воспаление на мозокот секоја година", вели д-р Фланган.




Спонзорирани линкови

Маркетинг