За љубителите на хорор филмовите: Подгответе се, пристигнува "Тивко место" со Емили Блант и Џон Красински

Точка

14/02/2018

20:27

1.458

Големина на фонт

а а а

Емили Блант е една од поуспешните глумици во Холивуд, а овој пат се појавува во едно поразлично филмско остварување. Емили Блант и Џон Красински се главните протагонисти во новиот хорор филм "Тивко место" ("Quiet Place"), кои воедно се сопружници во вистинскиот живот. Мистериозниот филм е продуциран од Џон Красински.

Не постои ништо подобро од трилер кој Ве присилува да седите на ивицата од столчето, а ние сме многу сигурни дека новиот филм на Џон Красински ги исполнува тие услови.

Во филмот Џон и Емили се родители на две деца и живеат во едно изолирано место во шума, каде главен приоритет им е да бидат тивки, бидејќи мистериозни суштества ловат сè она што ќе испуште барем некаков звук.


Семејството комуницира со знакови или мимики, додека таткото ги "маскира" нивните чекори покривајќи го земјената површина со песок. Сè што прават мораат да го прават во апсолутна тишина, за да преживеат. 

Филмот ќе ја доживее својата премиера на 6 април оваа година, а потоа се очекува да пристигне и во кино салите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг