Менопауза во најлош можен облик: Сопругата на славниот пејач го изгубила помнењето, се здебелила и трпела големи болки

Точка

14/02/2018

13:44

2.390

Големина на фонт

а а а

Манекенката со бескрајно долги нозе и преубава насмевка, Јасмин Ле Бон и денес изгледа како супермодел на врвот на својата кариера, но животот ѝ тргнал во надолнина откако влегла во менопауза.

Имено, сопругата на пејачот Сајмон Ле Бон од групата “Duran Duran” ја искусила менопаузата во најлош можен облик. 

Поранешната манекенка проговорила за својата тешка борба со периодот низ кој поминува секоја жена, велејќи дека поради менопаузата таа претрпела губење на помнењето, но имала и болки по целото тело.


“Менопаузата е катастрофа. Сè ве боли, уморни сте, нерасположени и почнувате неконтролирано да се дебелеете”, изјавила Јасмин за списанието “Red”.

“Не можете да се сетите кога сте закажале преглед кај ендокринолог. Не можете да се сетите каде сте го паркирале автомобилот. Важно е да им го кажете тоа на жените. Јас на своите ќерки им објаснувам сè до детали бидејќи сакам да бидат малку поспремни од мене кога ќе отчука часовникот”, вели таа и го открива своето оружје во борба против бесот:


“Кога мислите дека ќе експлодирате, вдишете длабоко и издишете мирно и смирено. Ништо добро не произлегло од лутината и бесот. Тоа важи и за односот со партнерот. Не треба да молчите, но не треба ни да влегувате во кавги”, вели Јасмин.

Овој некогаш најплатен супермодел и мајка на три деца се труди да ја одржи својата завидна линија, а тоа го постигнува со избегнување на пченични и масни намирници.


“Јадете масна храна, но консумирајте маслиново и кокосово масло, путер, авокадо, масло од јаткасти плодови – на вашето тело му е потребно тоа. Избегнувајте пченица кога ќе дојдете на мои години”, советува Ле Бон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk