Ова се 10-те најпопуларни градови според Инстаграм

Точка

14/02/2018

19:48

2.254

Големина на фонт

а а а

Социјалната мрежа Инстаграм неодамна сподели кои се 10 - те најпопуларни градови во светот според фотографиите кои се објавуваат. Секој од нас има свој омилен град, каде повторно би сакал да се врати, секако колку што му дозволуваат обврските.

Иако посетувањето и темелното истражување на одредени градови е навистина убаво искуство, откривањето на некои сосема непознати места е уште подобро. Овие дестинации ни нудат големо изобилие на знаменитости и места кои вредат да се посетат. 

10. Барселона


Во Барселона има навистина што да се посети, почнувајќи од Гаудиевата архитектура до драматичните Готски квартови.

9. Истанбул


Истанбул е градот со безброј знаменитости, а небото буквално ќе Ви го одземе здивот додека седите покрај легендарниот Босфор.

8. Џакарта


Метрополата на Индонезија на прв поглед нема да Ви биде многу привлечна дестинација за патување, но контрастите помеѓу луксузниот равој и историската колинијална архитектура создава интересна слика.

7. Санкт Петербург


Со своите драматични пејзажи и снег, Санкт Петербург е вистинска зимска бајка.

6. Лос Анџелес


Плажи, планини и пустини. Лос Анџелес има сè што е потребно за да биде идеално место за љубителите на добрата фотографија.

5. Париз


Ниту еден град не може да биде како Париз, градот на светлината и модата, каде секоја улица чека да биде фотографирана од Вас. Ајфеловата кула или Сакр Кер, Париз е навистина "роден" за Инстаграм.

4. Сао Паоло


Од величествената катедрала до паркот Ибирапуера, главниот град на Бразил може да понуди сјајни места за фотографирање.

3. Лондон


Лондон е град со историска архитектура, познати музички бендови, асфалтирани улици и многу истриски згради поради кои туристите секој пат се воодушевуваат.

2. Москва


Во Москва ќе се чувствате како од романите на Толстој и секоја фотографија може да биде како од бајка.

1. Њујорк


Првото место му припадна на Њујорк, градот во кој ќе бидете фотогенични на секој агол, буквално како на филм. Њујрок е сопственикот на Статуата за слобода, познатито Тајмс Сквер, културни споменици и прекрасни паркови како Централ Парк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг