Рецепт за најкремастиот чоколаден колач во шолја: Готов за 5 минути, успева буквално секој пат!

Точка

14/02/2018

11:22

1.243

Големина на фонт

а а а

Брзите колачи кои се приготвуваат во микробранова печка честопати имаат брашнест вкус и тешко е да се процени дали навистина се печени, но овој рецепт гарантира успех.

Припремата трае пет минути, а потребни ви се и две големи шолји. Доколку не можете да пронајдете шолји од три или повеќе децилитри, ви предлагаме смесата да ја поделите во четири помали чаши. 

Потребни состојки:

• 4 лажички путер

• 30 гр. исецкана чоколада

• 4 коцки млечна чоколада

• 3 лажички шеќер

• 2 јајца

• 2 лажички какао

• 1 лажичка екстракт од ванила

• ¼ лажичка сол

• 30 гр. брашно

• ½ лажичка прашок за пециво


Начин на подготовка:

1. Во микробранова печка, истопете ја исецканата чоколада и путерот.

2. Измешајте ги јајцата со шеќерот, какаото, екстрактот од ванила и солта и измиксирајте. Потоа, додадете го чоколадото со путерот, промешајте и на крајот додадете ја и мешавината од брашно и прашок за пециво.

3. Добро изматете ја смесата, а потоа поделете ја во две поголеми или четири помали шолји. Ставете ги во микробрановата печка, намалете ја температурата за 50% и оставете да се печат 45 секунди.

4. Извадете ги шолјите од микробрановата печка, промешајте и вратете да се печат уште 45 секунди.

5. Кога ќе ги извадите, во средината на секоја смеса ставете по две коцки чоколадо и вратете ги да се допечат уште 45 секунди.

6. Украсете со овошје, шеќер во прав или шлаг и послужете.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk