Модниот акцесоар кој дамите го носат само во домот, сега станува хит и надвор од него

Точка

14/02/2018

09:43

1.201

Големина на фонт

а а а

Во деведесеттите години на минатиот век, овој моден додаток беше голем тренд, а оттогаш остана модна историја. Но, сега се враќа на голема врата.

Познатиот дизајнер Александар Венг на њујоршката модна недела најави неочекуван камбек на таканаречените “claw” шноли, односно големи шноли кои, како што кажува и самото име, наликуваат на канџи. 


Во деведесеттите години се прославија со Џенифер Анистон, која преку популарната ТВ серија “Friends” ги диктираше трендовите и фризурите, а неодамна со нив се пофали и Ким Кардашијан на својот Инстаграм профил.


Моделите на ревијата на Венг носеле металик, беж и црни шноли кои, освен по логото на луксузниот бренд, не се разликуваат од нивните многу поповолни варијанти кои веројатно многумина од дамите веќе ги поседуваат. А сигурни сме дека трендот брзо ќе одекне бидејќи станува збор за еден многу практичен моден додаток.


Затоа, доколку веќе поседувате ваква шнола која ја носите само во домашна атмосфера, вистинско време е да ја прошетате истата низ град и да бидете помеѓу првите кои го враќаат овој хит акцесоар во мода.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk