Полн погодок: Рози Хантингтон Вајтли ја променила својата фризура и ги привлекла сите погледи во Њујорк

Точка

13/02/2018

16:34

1.010

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка решила да го освежи својот изглед и да испроба една од најпопуларните фризури на оваа сезона.

Доколку планирате да ја промените фризурата, а сè уште не сте се одлучиле на кој начин ќе го сторите тоа, ви предлагаме да ја позајмите идејата на манекенката Рози Хантингтон Вајтли која со мал потег го променила целиот изглед. 


Убавата сопруга на Џејсон Статам решила својата препознатлива руса коса да ја збогати со т.н. “curtain” шишки, кои како што и самото име оддава (curtain – завеси) го заоблуваат лицето како завеса и прилегаат речиси на секоја дама.


Она што е најдобро кај оваа популарна фризура е тоа што овие шишки можете лесно да ги тргнете од лицето и да ги прицврстите со неколку украсни шноли доколку не ви се допаѓаат.


Освен со новата фризура, Рози го привлекла вниманието и со необичните стајлинзи со кои уште еднаш потврдила дека е една од најдобро стилизираните дами во Холивуд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk