Зошто фотографијата од 13-те долгоноги убавици го разбесни Инстаграм?

Точка

13/02/2018

14:55

2.081

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку години, во модната индустрија сè повеќе се слави различноста, но се чини дека некои брендови тоа сè уште не го прифатиле.

Американскиот бренд за костими за капење Solid & Stripes е еден од нив, а тие со својата нова кампања ја разбеснија јавноста. На Инстаграм, брендот објавил низа фотографии со кои ја претставил својата нова колекција, а по нивното појавување следел бран на критики за изборот на манекенките. 


“Високи, слаби и бели – сите модели изгледаат исто!”, “Дали сите други црни манекенки освен Џордан беа зафатени?”, “Повеќе нема да купувам парчиња од овој бренд” се само дел од бројните негативни коментари на кампањата чии ѕвезди се тринаесет витки, долгоноги манекенки.


Проблемот не е во тоа што оваа кампања не вклучува модели со различни големини и облици, туку и тоа што, освен Џордан Дан, сите останати манекенки се белки.


“Концептот за нашата нова кампања го смисливме пред 18 месеци и идејата се базираше токму на познатите манекенки кои сами учествуваа во дизајнот на костимите за капење за новата колекција и потоа ги носеа во самата кампања. Од наша страна, тоа се чини како одличен потег за промена на традиционалниот однос помеѓу моделот и брендот.


Ѕвездите на нашата кампања се жени со различни таленти и немавме намера да исклучиме некого. Се извинуваме за недостатокот на разновидност и ветуваме дека следен пат ќе се потрудиме подобро”, изјавил директорот и основач на брендот Исак Рос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk