Откако медиумите пишувале дека манекенката премногу ослабела, таа откри дека има здравствени проблеми

Точка

13/02/2018

09:57

2.544

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Џиџи Хадид во последно време е мета на медиумите поради нејзиното тело. Имено, медиумите пишуваат дека Џиџи ослабела толку многу што сметаат дека манекенката има здравствени проблеми. Џиџи веќе не можеше да молчи па одлучи да им даде до знаење на сите за што станува збор.

Со објава на Твитер, Џиџи им обајсна на фановите и сите оние кои го критикуваа нејзиното тело дека има проблеми со тироидната жлезда и дека се лекува на холистички начин. 


"За сите Вие кои постојано коментирате зошто и како моето тело се променило, еве податок кој можеби не сте го знаеле. Кога имав 17 години и започнав да се занимавам со оваа работа, не ми беше дијагнозиран синдромот Хашимото, така што сите Вие кои ме нарекувавте дека сум "преголема" за  модната индустрија, всушност сте гледале воспален процес и задржување на водата како последица на тоа", напишала Џиџи која истакна дека се лекува со природни препарати кои ѝ помогнале да го надмине уморот и проблемите со работата на метаболизмот.


Џиџи напомена дека долги години се храни со иста храна, но стресот, честите патувања и преголемата динамика си го прават своето.

"Можеби сум преслаба според Вашите критериуми, но искрено тоа не е бидејќи јас сакам да сум толку слаба. Повеќе нема да го коментирам мојот изглед. Престанете да ме ставате во тој кош, само поради тоа што не разбирате како созреваше моето тело".


Во нејзиното професионално портфолио пишува дека првиот моден ангажман го имала на две години кога ја откри Пол Марсиано, основачот на модната куќа "Guess". Тоа беше кампања за линијата "Baby Guess", а на 17 години за прв пат зачекори на модната писта.


Таа порасна со славни родители, со оглед на тоа дека нејзината мајка е познатата холандска манекенка Јоланда Хадид. Нејзината убавина е неверојатна и впечатлива, а тоа го должи на гените, бидејќи е мешавина на славната Јоланда и таткото Мохамед Хадид, чие потекло е од Палестина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг