Во одлична форма: Холивудската миленичка го покажа телото по губење на 27 килограми

Точка

13/02/2018

09:58

1.939

Големина на фонт

а а а

Блејк Лајвли е една од омилените холивудски актерки, а русокосата убавица ја запознавме најдобро преку улогата на Серена ван дер Вудсен во хит серијата “Gossip Girl”.

Токму како и нејзиниот лик во серијата, и во реалниот живот таа воодушевува со својот стил. Неодамна, Лајвли нè воодушеви со одличната линија која ја покажала на Инстаграм. 


“Изгледа дека можеш да изгубиш 27 килограми, наталожени во текот на бременоста, прегледувајќи фотографии на Инстаграм и прашувајќи се зошто не изгледаш како бикини модел”, напишала во свој стил на фотографијата на која позира со нејзиниот личен тренер.

По она што можеме да го забележиме, убавата актерка изгледа како вистински бикини модел, а бројните обожавателки велат дека таа е вистинска инспирација бидејќи е одличен доказ дека жените денес можат да имаат време за сè, само треба да имаат желба за тоа.


Дури и во теретана, Блејк покажала дека внимава на модата бидејќи хеланките за вежбање со провидни делови се вистински хит помеѓу фитнес моделите на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk