По рехабилитацијата, Селена го снимила најубавиот едиторијал во нејзината кариера

Точка

12/02/2018

16:24

1.572

Големина на фонт

а а а

За 25-годишната пејачка, 2018 година не започна како што треба. Откако минатата година имаше успешна трансплантација на бубрег и се смири со својата прва љубов – Џастин Бибер, за Селена Гомез, 2018 година не започна добро.

Пејачката имала голема кавга со својата мајка која не го поддржува смирувањето со Бибер, а Селена признала и дека заминува на рехабилитација поради повеќегодишната борба со анксиозноста и депресијата. 


“Мислам дека целиот живот ќе се борам со депресија, но здравјето е мој приоритет во 2018 година. Тоа е во ред бидејќи се избирам себеси пред сè останато, а се надевам дека оваа година ќе биде подобра од изминатата. Доколку сум здрава, сè останато ќе си дојде на свое место”, вака го започнала интервјуто за славното списание “Harper’s Bazaar” во кое изненадила во неколку одлични изданија.


Најпопуларната личност на Инстаграм со 128 милиони следбеници, две недели престојувала во еден клинички центар во Њујорк, а таа открила дека многу ѝ помогнале јогата и медитацијата.

Во интервју признала дека има комплексен однос со социјалните мрежи, но преку нив таа може да ја покаже вистината:

“Мојата врска со Инстаграм е најкомплицираната врска која некогаш сум ја имала. Тоа е неверојатна платформа, но остава погрешен впечаток за она што е навистина важно”, заклучила Селена на крајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk