Бизарна реалност за девојките од Red Light District: "Уринираа на нас, нè исмеваа и продаваа како предмети!"

Точка

12/02/2018

10:45

4.631

Големина на фонт

а а а

23 часот пред полноќ, две момчиња се приближуваат кон еден од излозите на најпознатиот секс кварт на светот. На излогот се "изложени" девојки во чипкаста долна облека, додека црвеното светло ги осветлува. Некоја од нив ноншалантно ќе се погледне во мобилниот телефон, не обрнувајќи им внимание на мажите кои ги надгледуваат од улица, додека другата става кармин на усните, а третата се ниша на лулашка со насмевка на лицето. Станува збор за квартот "De Wallen", каде проституцијата е сосема легална и каде можете да наплатите дури и со кредитна картичка.

Девојките од излозите дневно заработуваат и повеќе од 300 евра, па поради тоа кружи митот за "среќните к***и" кои работат на улиците на Црвените фенери (Red Light District). Сепак, Дејли Меил пишува дека реалноста за девојките од Амстердам е многу помрачна од онаа што се претставува. 


Голем број од девојките кои се доведени на излозите на улиците на Црвените фенери се од Источна Европа кои биле доведени на немилосрден начин, тие се силувани од луѓето кои работатат со трговија на луѓе.

"Не продаваат како предмети од продавница", вели една од нив за Дејли Меил.


Анџелика е од Романија и пет години е дел од излозите на Црвените фенери. На само 17 години, со момчето кое го сметала за свое момче заминале за Лондон кој ја излажал дека таму ја чека работа како фризерка. Само што слетала во Лондон, била пречекана од непознат маж, клиент кој многу јасно ѝ укажал дека го посакува нејзиното тело.


Пасошот ѝ бил одземен и ја држеле во затвор. Многу брзо ја продале и така се нашла на излозите на Амстердам.

"Типот кој ме доведе до Лондон, па потоа во Амстердам, се однесуваше со мене како да сум парче месо. Кога ги забележав девојките во излозите, започнав да плачам. Не можев да престанам, бидејќи знаев што ме чека", вели Анџелика.


Нејзината дневна заработка била пренесувана директно кон нејзиниот макро, кој дневно ѝ оставал пари само за храна. Исто така ѝ го одзеле мобилниот телефон и ѝ дале друг телефон со кој ќе може да зборува само со својот макро.

Тој ја тепал и ја силувал. Кога ќе се обидела да одбие клиент кој сакал да има незаштитен секс со неа, била исекувана со нож по лицето и ѝ се заканувале дека ако тоа се повтори, ќе помине многу полошо.


"Макрото ми велеше дека тоа е легално, дека можат да ми прават што сакаат и дека полицијата е на нивна страна, а не на моја. Англичаните се најлоши. Тие се однесуваа со мене како да сум ѓубре. Уринираа на мене и се смееа додека го правеа тоа, секогаш беа пијани", зборува Анџелика за своето искуство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг