Совети и трикови: Прва помош за испукани усни

Точка

18/01/2018

16:19

1.228

Големина на фонт

а а а

Во текот на студените денови, усните можат да бидат суви и груби. За да го спречите тоа, редовно мачкајте ги со мелем или балсам од природни состојки.

Постојат и методи за длабока хидратација со помош на хијалуронска киселина која може да ги потхрани чувствителните усни. 

Карминот е лошо решение

Прикривањето на сувите усни со кармин или сјај е лош потег бидејќи карминот во комбинација со сувата кожа на усните не изгледа привлечно.


Некои балсами не ги хидрираат усните, туку ја сушат слузницата и создаваат слој кој ги спречува усните да апсорбираат влага. Најлош избор се балсамите со ментол. Бирајте природни производи со неутрална арома.

Не ги лижете усните

Испуканите усни можат да бидат болни и крвави. Многумина погрешно мислат дека со лижењето на усните тие се навлажнуваат и хидратизираат, но тоа не е добро решение. Добар избор за сувата кожа на усните е маслото од сусам.

За ваквиот проблем може да помогне и краставицата. Исечкајте ја краставицата на тенки кругчиња и ставете ги на усните. Водата од краставицата ќе ги омекне и хидрира вашите усни.


Внатрешна хидратација

Сувите усни можат да бидат резултат на дехидриран организам. Затоа пијте вода и обезбедете му на вашето тело доволно количество на витамини од групата Б, железо и есенцијални масни киселини.

Пилинг

За да ги одржите вашите усни во добра состојба, два до три пати во неделата обезбедете им добар пилинг. Направете смеса од кафеав шеќер и вода, а потоа нежно втријте го пилингот додека усните не станат меки. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk